ВИДЕО: 40 години собирал монети, што мислите колку пари собрал?

Овој човек 40 години собирал монети. Орта Андерс уште од 70-тите години почнал да собира ситни парички, а сега одлучил конечно да ја скрупни својата заштеда.

Тој во вторникот ги повикал своите пријатели и семејството да ги испорача монетите во локалната банка. Станува збор за повеќе од 500 илјади монети, сместени во 15 пластични балони од по 20 литри.

Повеќе од 40 години не сум потрошил ниту една монета. Попрво би раситнил долар отколку да потрошам една монета, изјавил Андерс.

paricki-2

За повеќе од 4 децении тој собрал 513.614 монети. Иако многумина би помислиле дека службениците во банката го дочекале со кисела насмевка тоа не било така.

Директорот на филијалата Рајан Килпатрик изјавил дека целиот настан бил добра реклама за неговата банка, а дека Орта им одржал лекција на сите како треба да се штеди.

Откако ги скрупнил парите Андерс добил 5.136 долари, кои, како што изјавил, ќе ги искористи за да плати сметки за медицински третман.