Собрание на акционери на Охис на 12-ти март

Управниот одбор на поранешниот хемиски гигант Охис објави јавен повик за Собрание на акционери кое што ќе се одржи на 12-ти март со почеток од 11 часот.

Во работниот дел на дневниот ред е донесување на одлука за зголемување на основната главнина на друштвото.

Право на учество на Собранието имаат акционерите и полномошници на акционерите. Секој акционер кој има намера да учествува на собранието на акционери на Охис е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заеднички поседуваат најмалку пет отсто од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред. Акционерите можат да достават предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања најдоцна до осум дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.