Сонце „со заби“ до крајот на оваа недела

Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со ниски утрински температури, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на утрешниот ден, низ цела земја ќе преовладува сончево време со температура од три степени во Берово до максимални 12 во Гевгелија. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, ведро и студено со температура до седмиот степен.

За деновите од викендот ќе не’ очекува сончево време со утрински температури од минус осум до еден степен, а дневните ќе се искачат до 13-от степен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.