Сообраќајот е тековен по влажни коловози, магла на планинските премини

Појава на магла има на планинските премини Страцин, Плетвар и во Крушево со видливост од 50 до100 метри.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15-ти ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март следната година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.