ВИДЕО: Сорос лаги за Македонија

soros-lagi-makedonija

Сорос повторно во акција на фалсификување на вистината, манипулации и лаги.

И покрај очигледната вистина дека на 5 мај полицијата беше брутално нападната од демонстрантите на СДСМ пред владата, во кој напад не само што беше руиниран државниот имот и кинето македонското знаме, имаше околу 38 повредени полицајци, врз нив беа фрлани бакли, шишиња, беа удирани со шипки и бекатон плочки, Соросовата организација „Хјуман рајтс воч“ излезе со фрапантно штелуван извештај во кој тврди дека полицијата употреби прекумерна сила против демонстрантите на 5 мај.

Дрската и безобразна лага со која се потценуваат граѓаните и нивната интелегенција, се сака црното да се престави бело, објавува неделникот „Република“ на својата интернет страна.

Во штелуваниот извештај на оваа соросова организација во кој не само што се оправдува тепањето на полицијата, туку и осудува на извесен начин воспоставувањето на ред и мир, стои констатацијата на Лидија Гал дека „Тепањето луѓе е неприфатлив начин за полицијата да ја контролира толпата“.

Дека ваквиот извештај е брутално извртување на вистината и при очи сакаат јавноста да ја прогласат за слепа и при уши глува, што со уште еднаш се покажува на дело манипулациите и лагите со кој се користи Сорос, најдобро покажува видеото со кој јасно недвосмислено и прецизно се гледаат нечовечките и вандалски напади врз полицијата.

Освен ова низ судска постапка се докажа и досуди 3 ефкетивни затворски казни, а 14 лица добија условни казни. Најголемиот дел од осудените ја признаа својата вина и за делата кои се товареа, но за ова нема ниту збор во извештајот на соросовата „Хјуман рајтс воч“. Инаку се работи за организација чиј главен финансиер е токму Џорџ Сорос преку институтот Отворено Општество.

Пред 5 години Сорос и јавно објави дека и доделува на „Хјуман рајтс воч“ неверојатни 100 милиони долари буџет за работа. Тоа дури не го криеше и самата ХРВ, која наведе дека Сорос ќе ги даде парите во рок од 10 години.