СП кошарка: Американците со половина сила против Чешка

Еван Фурние, Франција/ Photo: FIBA.Basketball

Американската кошаркарска селекција со победа од 88:67 над Чешка го почна ловот на третата последователна тутила светски првак во дуелот од првото коло од Групата Е во рамките на Светското првенство во Кина.

Чесите се определија за бавно темпо со кое ќе ги спречат брзите американски противнапади за да избегнат убедлив пораз уште на стартот од првенството. Стрелци во екипата предводена од Грег Попович ги предводеше Донован Мичел со 16 коша, Харисон Барнс додаде 14, а Кемба Вокер 13 поени. Мичел и МАркус Смарт единствени играа повеќе од 20 минути. Чесите со 17 коша и пет асистенции ги предводеше Томаш Саторански.

Во првиот дуел од истата група Турција, исто така, без особен напор го совлада тимот на Јапонија со 86:67, а за два дена Турците би требало да претставуваат поголема закана за Американците отколку што денес беа Чесите.

Во Групата Ф, Грицја со 85:60 беше убедлива над Црна Гора, чиишто кошаркари во првите 20 минути успеаја да постигнат само 16 коша. По резултатот 42:16 на полиремето, во следните две делници грчкиот селектор Танасис Скуртопулос се реши да ја распредели минутажата на сите играчи кои ги повика на мундијалот.

Папајанис со 15 коша и 9 скокови беше најдобар поединец кај победниците, Пинтвезис со 16 коша беше најдобар стрелец, а НБА ѕвездата Јанис Антетокунмпо за 16 минути на паркетот постогна 10 коша со 8 скокови. Никола Вучевиќ со 12 и Петар Поповиќ со 11 поени беа единствените со двоцифрен ефект во црногорската селекција.

Бразил, кој го води Алескандар Петровиќ, го победи Нов Зеланд со 102:94, а по два дена „Кариоките“ ќе се соочат со Грците во меч најверојатно за првото место во групата. Црногорците ќе се обидат да го поправат катастрофалниот впечаток против Нов Зеланд.

Најубедливата победа во првото коло ја оствари Литванија која со 54 коша разлика (101:47) го совлада Сенегал. Седум играчи во победничката селекција имаа двоцифрен ефект. По 13 коша постигнаа Мантар Калнеитис, Домантас Сабонис о Јонас Валанчиунас кој имаше 11 скокови, додека на 12 поени запре Мариус Григонис.

Во вторник во Групата Х, Литванија ќе биде фаворит во дуелот со Канада, која ослабена од откажувањето на НБА кошаркарите беше поразена од Австралија со 92:108. Австралија очигледно ќе има полесен тренинг со слекцијата на Ангола.

Најнеизвесните натпревари беа одиграни во Групата Ц. Јордан за малку ќе надоместеше заостанување од 16 поени разлика, но на крајот беше поразен од Домениканската Република со 76:80. Пред уште поголем пресврт беше Германија, откако на половината од третата четвртина заостануваше 24 поени (28:52). Германиците дојдоа на само два поена заостанување на седум секунди до крајот (75:76), но Еван Фурние погоди две слободни фрлања и ја потврди победата на Французите.

Фурние со 26 коша беше најдобриот стрелец на натпреварот, а Амат М’Баје додаде 21 поен за Франција. Јоханес Војгтман со 25 поени беше најдобар стрелец кај Германците, а Денис Шредер со 23 поени и 8 асистенции беше најдобар играч кај поразениот тим.

Многу веројатно е дека овие две селекции ќе минат во вториот круг. Германија по два дена игра против Домениканската Република, а Франција против Јордан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.