Спасов: СДСМ целата енергија ја вложува во конструирање афери на штета на државата

 

Заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на денешната трибина во Старо Нагоричане која ја одржува ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“ истакна дека СДСМ целата нивна енергија ја вложуваат за да конструираат афери за да и наштетат на државата и тоа граѓаните ќе го докажат во април кога масовно ќе излезат на избори и нивниот глас ќе го дадат за Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ, за сигурна иднина…

Тој додаде дека СДСМ и наштетува на Македонија додека ВМРО-ДПМНЕ разговараат во која општина е потребно да се отвори нова фабрика која ќе донесе нови вработувања, како и за тоа на кој начин да се решат проблемите на граѓаните.

Спасов вели дека токму реализираните проекти за подобар живот на граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ наспроти лагите и измамите и немањето на проекти на СДСМ се потврда кому граѓаните му ја даваат довербата. Ова го покажуваат и бројните анкети според кои рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е поголем од СДСМ без разлика, вели Спасов, колку СДСМ се залага да прави афери.

-Упорно се трудат да нè критикуваат дека сме реализирале проекти само и единствено во интерес ни се пензионерите, сите останати сме ги заборавиле, што не е воопшто точно. За разлика од минатото пензионерите имаат посигурен живот, редовна пензија, зголемена просечна пензија за 70 проценти изминатите 9 години. Исто така и најранливите категории имат поголема финансиска поддршка. Граѓаните многу добро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ го вети и го реализираше проектот за еднократен отпис на долговите за 15.000 семејства во Македонија во износ од милијарда и седумстотини милиони денари. Граѓаните веруваат и во проектите за вработување кои ги реализираме изминатиот период и оној најновиот „Македонија вработува“ кој до денес вроди со 11.000 вработувања, истакна Спасов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.