Специјалисти-офталмолози од Шпанија на Клиниката за очни болести

На Клиниката за очни болести – Скопје престојуваат двајца реномирани специјалисти-офталмолози од Валенсија, Шпанија, кои работат во одделот за офталмологија во рамките на Фондацијата за развој на здравствените и биомедицински истражувања на заедницата на Валенсија – ФИСАБИО.

Како што информираат од Клиниката, специјалистите од Валенсија заедно со тимот македонски доктори веќе успешно извеле две интервенции на Клиниката, а во текот на денот ќе изведат уште дополнителни две.

Реномирани специјалисти-офталмолози од Шпанија на Клиниката за очни болести
Реномирани специјалисти-офталмолози од Шпанија на Клиниката за очни болести

Оттаму нагласуваат дека станува збор за поспецифичен вид на витроретинална хирургија од онаа што досега се врши на Клиниката, која го опфаќа најчувствителниот дел од ретината – центарот за вид, односно хирургија на центарот за јасен вид. Со вршењето на овие интервенции се постигнува значително подобрување на видот кај пациентите.

Реномирани специјалисти-офталмолози од Шпанија на Клиниката за очни болести
Реномирани специјалисти-офталмолози од Шпанија на Клиниката за очни болести

Со помош на техниката видео-снимање на операциите, се врши директно емитување на интервенциите во библиотеката на клиниката, со цел едукација на специјализантите кои имаат можност да ги следат интервенциите.

Министерството за здравство потпиша Меморандум за соработка со директорот на ФИСАБИО

Станува збор за специјалисти-офталмолози со повеќегодишно искуство во областа, од кои едната докторка е медицински директор на одделот за офталмологија во ФИСАБИО.

Инаку, мрежата на ФИСАБИО во Валенсија опфаќа повеќе од 1500 здравствени работници, меѓу кои и доктори-специјалисти од различни области.

Реномирани специјалисти-офталмолози од Шпанија на Клиниката за очни болести
Реномирани специјалисти-офталмолози од Шпанија на Клиниката за очни болести

Министерството за здравство минатата година потпиша Меморандум за соработка со директорот на ФИСАБИО, со кој се опфатени повеќе аспекти на соработка, меѓу кои и можноста експерти од одделот за офталмологија да спроведуваат обуки во Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.