Специјалитети од варени јајца

ПИЛЕШКА САЛАТА

Потребно е зелена салата, 100 гр. бело грозје, 300 гр сварено бело месо, 2 тврдо варени јајца. За прелив се потребни 2 чаши јогурт, 1 лаж сенф, половина лаж. маслиново масло, 2 лаж. мајонез.

Подготовка

Јогуртот, сенфот, сувите зачини и мајонезот добро измешајте ги. Измиените листови зелена салата наредете ги на плитка чинија. Одозгора ставете исечкано бело месо и парчиња тврдо варени јајца, па  ставете го грозјето исечкано на половина. На крај прелијте со прелив и добро оладете ги пред да служите.

NICAНИЦА САЛАТА

Потребно е 1 варено јајце, 1 домат, 1 краставица, 1 пиперка, конзерва туна, неколку црни маслинки, `1 кромид, 1 зелена салата, малку маслиново масло, лимонов сок, црн пипер.

Јајцата и доматите исечкајте ги на парчиња, краставиците на коцки, пиперката и кромидот на кругови. Зелената салата исцепкајте ја на мали листови. Измешајте го целиот зеленчук, измешајте го со маслинови масло, лимонов сок, сол, пипер и додадете ги маслинките.

FRANCUSKA SALATAФРАНЦУСКА САЛАТА

Потребно е 300 гр. рокфорт сирење, 2 јајца, 3 домати, 3 лаж. грашок, 3 кромида, 4 лаж. тартар сос, 4 лаж павлака, лаж. сок од лимон, лаж. јогурт.

Сирењето и тврдо варените јајца исечкајте ги на коцки, ставете ги во чинија додадете го исечканиот домат, грашокот и кромидот. Измешајте го тартар сосот, павлаката, сокот од лимон, јогуртот и со тоа прелијте ја со салатата. Оставете ја еден час пред служењето да отстои во фрижидер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.