Специјална oлимпијада Македонија ja организираше првата обука за тренери за работа со лица со интелектуална попреченост во спортот

Во присуство на 60 учесници и 50 атлети, Специјална oлимпијада Македонија ja организираше првата обука за тренери за работа со лица со интелектуална попреченост во спортот со поддршка на Специјална олимпијада Европа, Евро-Азија, со што го дава својот придонес во одбележување на 3 декември  ден на лица со попречености..

На дводневнаата обука која се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“,  предавачи беа, Мариуш Даментко – спортски директор на Специјална Олимпијада Европа и Јени Хакинен –одговорна за развој на универзитетски кадри и младината за свесност за лицата со попреченост.

Воочувајќи недостиг на стручен, обучен кадар за работа со лица со интелектуална попреченост во спортот, Специјална олимпијада Македонија го даде својот придонес организирајќи ја обуката со која се подготви тренерски кадар, кој во иднина ќе ги предводи тренажните програми на нашата организација – изјави Ана Петровска национален директор на Специјална олимпијада Македонија.

Обуката опфаќаше практична и теоретска подготовка на тренерите, кои во иднина со својата стручност и професионален пристап треба да овозможат вклученост и развој преку спорт на што повеќе лица со интелектуална попреченост во земјава.

Завршивме успешна обука во Скопје која е една од активностите кои глобално ги организира Специјална олимпијада Европа, Евро-Азија со неколку цели, да се обучат што повеќе професионални тренери за работа за лица со интелектуална попреченост во различни спортови, особено во спортовите кои ги нуди нашата организација во Македонија, а воедно и проширување на понудата на спортови. Истотака да го зголемиме бројот на ателити кои ќе ги почувстввуаат бенефитите на спортувањето, но и ќе ја подобриме инклузијата во земјава, со зголемување на бројот на Јунифајд спортови во кои лица со интелектуална попреченост ќе спортуваат тимски со лица без попреченост“ – потенцираше Мариуш Даментко – спортски директор на Специјална Олимпијада Европа.

Во рамки на обуката голем придонес дадоа и студентите на завршните години на Факултет за физичко образование, спорт и здравје, кои покажаа огромен интерес за работа со лица со интелектуална попреченост.