Спомен соба за Петре М. Андреевски во родната Слоештица

Македонскиот писател Петре М. Андреевски ќе добие спомен соба во родното село Слоештица, каде се наоѓа и неговиот вечен дом.

За таа намена ќе се адаптира една од училниците во училиштето во Слоештица.

Средствата се обезбедени преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион. Со свои средства во набавка на градежни материјали учествува и општина Демир Хисар.

Петре Андреевски  е роден на 25 јуни 1934 година во Слоештица, Демирхисарско, а умира во Скопје на 25 септември 2006. Ќе остане запаметен како истакнат македонски поет, романсиер, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.