Спречен анти-хрватски собир на радикалите на Шешељ

Собирот на српските националисти предводени од Воислав Шешељ, кој требаше да се одржи во селото Хртковци, во Срем беше спречен од полицијата која постави блокади на влезот во селото.

Шешељ најави собир во спомен на неговиот собир во ова мнозински хрватско село во 1991 година, кога, под притисок на радикалите на Шешељ, етничките Хрвати биле принудени да почнат да се исселуваат од Србија. Шешељ беше обвинет од Трибуналот во Хаг за организирање на прогон на Хрватите од Србија, но беше ослободен од обвинението.

Околу 1.500 полицајци денеска им дозволува само на жителите на Хртковци да влезат во селото, и врши проверки на нивните лични карти, за да спречи влез на дојденци од страна. Повеќе српски партии спротиставени на Шешељ најавија свој собир во Хртковци, со цел да ги заштитат малубројните преостанати Хрвати.Шешељ и неговите радикали стигнаа само до селото Јарак, од каде по неколку часа се вратија во Земун, од каде тргна протестот.

Откако Шешељ го напушти Јарак, дојде до инцидент во кој беше нападнат висок функционер на партијата ЛДП, Ѓорѓе Жујовиќ. Тој заедно со уште петмина сопартијци истакна транспарент „Шешељ е воен злосторник, тоа треба да го знае цела Србија“ во близина на радикалите. Тогаш од зад грб му пријде еден од подржувачите на Шешељ кој го удри неколку пати по главатаа. Полицијата спречи поголем инцидент и членовите на ЛДП, кои беа навредувани со повиците „НАдвор од Србија“ и „Усташи“, исто така ги извлече од селото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.