Србија и Косово треба истовремено да станат членки на ЕУ

Косово сака да стане членка на Европската Унија заедно со Србија, изјавил косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај. Според Хоџај ако Србија стане членка на ЕУ тогаш таа ќе се спротивстави на евроинтеграцијата на Косово.

Тој истакнал дека нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина треба да заврши со меѓусебно признавање на двете земји и членство на Косово во Обединетите Нации.

Дотогаш, смета Хоџај, Србија не треба да биде примена во ЕУ.