Средношколец нападнат во гимназијата „Зеф Љуш Марку“

Со боксови и тупаници нападнат средношколец во скопска гимназија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во средното државно училиште „Зеф Љуш Марку“ бил нападнат 16-годишн иот М.Ф. од својот врсник З.Ј,

Малолетниот насилник без повод и причина со тупаници и боксови го удирал  М.Ф. во пределот на главата.

По целосно расчистување на случајот против З.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.