Стабилно до недела, потоа услови за дестабилизација

Времето денеска ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе се движи од 23 до 29 степени.

Следува период на претежно стабилно и потопло време. Во недела и во понеделник во попладневните часови ќе има услови за локална дестабилизација со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Повисоките дневни температури во наредниот период ќе допринесат за нормален развој на културите, кој во изминатиот период беше успорен, што се забележува и со доцнењето на вегетацијата од 10-15 дена. Повисоките температури ќе условат значајно затоплување на почвата што е потребно за никнење на културите. Помалите врнежи или нивното отсуство во наредниот период нема да има никакво значење, затоа што влага во почвата има на сите длабочини.