Стевче Цветковски освои милионер џек пот вреден 1.311.980 денари

Во просторот на ново отворениот ВЛТ Клуб на улица Партизанска во Скопје, македонскиот автомобилски ас Игор Стефановски- Иџе, на среќниот добитник, Стевче Цветкоски,му го додели чекот кој гласи на 1.311.980 денари. Добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вредна 1.311.980 денари е освоена на 03.03.17 во Клуб Спорт 77 Евротип, Демир Хисар.

Скромен, во присуство на семејството и пријател, најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник, Стевче Цветкоски ни ја раскажа својата приказна. Ни откри дека повремено игра на видеолотариските терминали на ДВЛМ. Не верувал во среќата. Стевче не верувал ни дека тој може да освои добивка. Токму и затоа, пријатно бил изненаден од возбудливото сознание дека токму тој е новиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник. На вредната добивка  од 1.311.980 денари, се израдувало целото семејство.

Цветкоски вели дека немаат детален план како ќе ги потрошат парите. Сепак,  денес по добиениот чек, се упатија во салон за автомобили да разгледаат нов автомобил со кој, можеби ќе се подноват.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 37 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 55.184.339 денари. Покрај нив, освоени се и 4978Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 37.330.582 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари