Штитеници од домовите „25 Мај“ и „Ранка Миловановиќ“ заминале во непознат правец

Како што соопшти денеска МВР, вчера во 17:30  часот  во Полициската станица во Чаир, вработена во „Дом 25-ти Мај“, пријавила дека на 20 овој месец околу 14 часот 14 годишно лице се оддалечило од Домот во непознат правец.

Во полициската станица Гази Баба, пак, вчера во 15 часот вработена како социјален работник во „Ранка Милановиќ“, пријавила дека  на 16 овој месец во 14 часот, 17 годишна штитеничка, самоволно ја напуштила установата и се оддалечила во непознат правец. Причината за оддалечувањето е непозната.

СВР-Скопје презема мерки за пронаоѓање на двете лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.