Стив Неш става крај на кариерата

Еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата, Канаѓанецот Стив Неш најверојатно ќе ја заврши својата богата кариера.

Во соопштението на ЛА Лејкерс стои дека Неш ќе ја пропушти престојната сезона поради проблемите со грбот, а ако се земе предвид дека ја пропушти речиси целата минатогодишна сезона, тогаш јасно е дека полека но сигурно плејот на Лејкерси ќе се повлече од терените.

„Разочаран сум, приоритет ми беше да се вратам на терен, но за жал не можам да играм на посакуваното ниво. Ќе продолжам да ја бодрам екипата“ – истакна Неш кој покрај за Лејкерси претходно во својата кариера играше и за Феникс и за Далас.