Стокилометарски маратон во планинско трчање на Галичица идната година

Во Охридско-преспанскиот регион наредната година ќе се одржи ново издание на планинската трка „Ohrid Ultra-Trail®“, во чии рамки ќе се организира и ултра долг маратон во должина од сто километри.

Настанот „Ohrid Ultra-Trail®“ што е предвидено да се одржува од 20 до 24 мај 2020, предвидува повеќе спортски содржини, планински трки низ Националниот парк „Галичица“, а покрај стокилометарската ќе се одржат и веќе стандардните трки 62 и 18 километри.

Манифестацијата „Охрид трејл“ се активности насочени кон развој на авантуристичкиот туризам, при што се нудат специфични тури со посебен акцент на компететивност, колегијалност, другарување, запознавање, мулти-културализам и чувство за себенадминување.

Тимот на „Охрид Ултра-Треил®” цели кон креирање висококвалитетен спортско-рекреативен настан со светско реноме во овој регион, со привлекување што повеќе наши тркачи, но и бројно меѓународно учество.

Засега, „Охрид Ултра-Треил®” ќе биде единствена трка со должина од над 100 километри во земјата.

Пријавите за учество на трката ќе бидат отворени наредниот месец на официјалната веб-страница www.ohridtrail.mk.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.