Страхиња Милиќ по слетувањето во Скопје: Уште сме во шок (ФОТО)

Уште сме во шок, навистина направивме нешто неверојатно. Не мислевме дека не можеме, но многу сме изненадени и во некој благ шок, изјави голманот на ракометниот клуб Вардар Страхиња Милиќ, веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром.

Ракометарите на Вардар кои во неделата го освоија трофејот во Лигата на шампионите во вторникот околу слетаа на скопскиот аеродром „Алескандар Македонски“.

Европските шампиони беа пречекани од голем број навивачи меѓу кои беа градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.
Во 13 часот ќе започне голема прослава на титулата на плоштадот „Македонија“ во Скопје.