Штрајк на лекарите во Федерацијата БиХ

Повеќе илјади лекари стапија во понеделникот во генерален штрајк на речиси целата територија на Федерацијата Босна и Херцеговина протестирајќи против малите плати, лошиот статус и непотпишувањето на колективниот договор со претставниците на синдикатот.

Во девет од десетте жупании, освен Жупанијата западнохерцеговската каде најавија за среда едночасовен предупредувачки штрајк, во понеделникот започна штрајк на докторите по медицина и стоматологија од Федерацијата БиХ кој ќе трае до исполнувањето на нивните барања.

Работата целосно ја прекинаа лекарите во Тузланската, Зеничко-добојската, Босанско-подринската и Посавската жупанија, додека другите лекари ќе им се приклучат подоцна во текот на понеделникот.

„Принудени сме на ваква радикална акција. Ги повикуваме надлежните министерства за здравства да го потпишат федералниот колективен договор за докторите по медицина и стоматологија со што би престанала потребата од штрајк, а со тоа би се избегнале и несаканите последици за граѓаните и за струката“, наведува од лекарскиот синдикат.

Бараат со колективниот договор да се осигури подобар статус на лекарите и поголеми плати. Предупредија дека токму поради неодговорниот однос на властите голем број лекари ја напуштаат земјата.