Српската полиција почна истрага за елитната проституција во кои учествувале познати личности од естрадниот свет. Српскиот портал „Курир“ објави дека полицијата во текот на истрагата дошла до шокантни откритија и докази дека странски безбедносни служби поседуваат порно – снимки на познати српски дами, пеачки и водителки, како и поедини политичари, меѓу кои и министри.
На чело на пирамидата на елитни проетитутки се две жени. Едната е поранешна сопруга на еден од водачите на „земунскиот клан“, додека другата е сопруга на познат бизнисмен.
Тие две според оперативните податоци, ги доставиле компромитирачките снимки, на кои политичари од минатиот, но и од сегашниот состав на српската влада имат секс со познати естрадни личности.