Страшни детали – пронајдени порнографски видеа и фотографии со 5-годишни деца во Србија

Уапсени се четири лица во Србија, а против петтиот ќе биде поднесена кривична пријава за прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и искористување малолетници за порнографија!

Припадниците на МВР, СБПОК, Одделот за сузбивање на високотехнолошки криминал во продолжение на акцијата „Армагедон“ уапсија четири лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетник за порнографија, додека четириесет и тригодишен маж ќе одговара за истото кривично дело, во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава.

Уапсени се Г.С.(1983) од Белград, К.Т.(2002) од Ваљево, З.Б.(1967) од Суботица и В.М.(1983) од Нови Сад.

Тие се обвинети за преземање, складирање на нивните уреди и споделување на содржини создадени со експлоатација на малолетници за порнографски цели преку Интернет, како и преку апликацијата Вибер.
При претресот на становите на осомничените, полицијата најде вакви материјали во нивните компјутери.

На осомничените Г.С., К.Т., З.Б и В.М им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.