СУГС „Лазар Танев” на конференција за хотелиерство во Италија со одлични резултати

СУГС „Лазар Танев” на конференција за хотелиерство во Италија
СУГС „Лазар Танев” на конференција за хотелиерство во Италија со одлични резултати

Претставници од СУГС „Лазар Танев” зедоа учество во 28-та конференција на “Европската асоцијација на училишта за хотелиерство и туризам” (АЕНТ) која се одржа од 5 до 10 октомври од Цервиа, Италија.

За време на оваа конференција претставници од голем број на училишта од оваа област одржуваат голем број на семинари и работилници, а се одржуваат и голем број на натпревари помеѓу учениците од овие училишта.

На овогодинешното издание на конференција на “Европската асоцијација на училишта за хотелиерство и туризам”, учество зедоа претставници од 130 училишта од 35 држави од Европа, каде се одржаа 11 натпреварувања од областа на готвењето, барменството, вински туризам и нудењето туристички услуги.

На овие натпреварувања учениците на СУГС “Лазар Танев” постигнаа одлични резултати, каде најдобар резултат постигна Христијан Николовски, кој го освои сребрениот медал во дисциплината дисциплината барменство (Cocktail Bar), што воедно преставува најголем успех на ученик од Република Македонија.

ssss

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.