Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Како што информираат од АМСМ поради обилни врнежи од дожд локалниот пат с. Ропаљце према с. Никуштак е во прекин.

Екипата на францускиот филм “A Fond” го премести снимањето на Магистралниот пат А1. Делницата од мотел Македонија до Градско ќе биде затворена за сообраќај од 05 до 18 часот, а сообраќајот ќе се одвива по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација. Снимањето е планирано да се одвива во работни денови.