Светиот крст од реката Луда Мара го извади студентот Ѓорѓи Стојков

Студентот Ѓорѓи Стојков од Кавадарци го фати Светиот крст во реката Луда Мара на денешниот верски празник Богојавление-Водици.

Тој има дваесет години, појасни дека ова му било втор обид и изрази задоволство што успеал.

„На сите верници им посакувам здравје и среќа. Благослов, бериќет и се најдобро. За многу години, Бог се јави“, рече тој.

Отец Мартин Деневски се заблагодари што се повеќе и повеќе се полнат храмовите и изрази надеж дека пандемијата од коронавирус ќе ја снема за брзо време.

Стојков доби пригодни подароци.