СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: Македонија никогаш нема да биде теократска држава!

-СМК изразува разочарување од молкот на Социјалдемокрстскиот сојуз за ваквото скандалозно однесување на свој член.СМК укажува дека Македонија е секуларна држава, Македонија никогаш нема да биде теократска држава во која ќе владее шеријатското право.

СМК потсетува дека Захир Бекири Чауш и неговиот брат се товарат за изработување и набавување на оружје и средства наменети за извршување кривично дело, фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци.

Во домот на Чауш беа пронајдени 105 фалсификувани лични карти за кои натамошната истрага потврди дека не биле употребени во изборни постапки, реагираат од СМК.