Т-Мобиле ги советува корисниците да на одговараат на спам пораки

Т-Мобиле ги известува корисниците дека во периодов има зголемен број на спам како повици и СМС од броеви што почнуваат на +88, +22 +21 и +29.

Пораките кои циркулираат се обично со следнава содржина : „Имаме важна порака за вас доколку се јавите на бесплатниот број“.

Затоа, се советуваат корисниците да не бираат повратно на овие броеви, зашто ќе имаат несакани трошоци.
Воедно ги известуваме корисниците дека спам пораката која викендов циркулираше од броеви што почнуваат на +29, со содржина „Побарај ме итно“ и „Ме викаат итно“ откако е пријавена е блокирана.

Иако откако корисникот ќе пријави, Т-Мобиле веднаш ги блокира спам СМС броевите, сепак најдобро е корисниците да не бираат повратно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.