Таксиметарот на Ванхоуте врти по 900 евра на ден!

Дали неуспехот на преговорите меѓу претставниците на владејачката ВМРО ДПМНЕ и опозициската СДСМ е неуспех на европскиот медијатор, или пак можеби е во прашање капацитетот на финансискиот интерес?

Белгиецот Питер Ван Ванхоуте веќе и е добро познат на македонската јавност бидејќи престојуваше неколку недели во земјава, кога со целосен дебакл заврши неговата работа околу анкетната комисија за настаните од 24 декември.

Летово пак, Ванхоуте практично се пресели во Македонија, откако започнаа преговорите во Пржино.

Инаку, станува збор за поранешен новинар кој дипломирал Филозофоија  и религија на Универзитетот во Лувен.

Сега, Ванхоуте се продава како експерт за правни прашања, за закони, за безбедност, за медиуми, за демократија…

Соработувал и со Центарот за меѓународен развој „Рокфелер“ на Универзитетот во Њујорк.

Својата експертиза, Ван Ванхоуте ја продава главно во Косово, Непал, Грузија, Црна Гора и во Србија, каде ги „јакне“ и оправа капацитетите на тамошните парламенти и на парламентарните служби.

Според информациите до кои дојдовме од дипломатски извори, Ванхоуте за своите услуги заработува по фантастични 900 евра на ден.