Талентираната американска тенисерка Гоф ја освои титулата на Ју-Ес oпен (ВИДЕО)

Талентираната американска тенисерка, Коко Гоф е новата кралица на Њујорк или поточно новата шампионка на Ју-Ес Опен.

Гоф дојде до најголемиот успех во кариерата, првата грен слем титула и тоа на домашна тло, откако во големото финале ја надигра Арина Сабаленка.

Два часа траеше битката на теренот „Артур Еш“, пресметка во која имаше многу надигрување, борба за секоја топка и пресврт на Кок за огромна нејзина радост, но и на многубројните навивачи на трибините.

Сабаленка важеше за благ фаворит на хартија и како таков имаше фантастичен прв сет кој го реши со 6-2. Меѓутоа домашната претставничка се врати во вториот сет со 6-3 за да во решавачкиот слави со 6-2.