Телекомуникациските оператори не се согласуваат со измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Претставници на телекомуникациските оператори денеска на средба го информираа претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, за нивните согледувања во однос на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ставен во собраниска процедура, а предложен од група пратеници на 27 јануари оваа година.

Операторите од телеком секторот на средбата, соопшти кабинетот на Пендаровски, ги изложиле нивните аргументи, зошто не се согласуваат со предлoжените измени.

Имајќи ја предвид комплексноста на ситуацијата, во текот на утрешниот ден, информираат од кабинетот, претседателот Пендаровски ќе оствари средба и со претставниците на Македонска медиумска асоцијација на приватни национални телевизии со цел да биде запознаен и со нивниот аспект на согледување на состојбата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.