Груевски: Темелна реконструкција на шест болници

Темелна реконструкција на шест болници во државава. За таа цел, како што информира премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање, ќе бидат одвоени околу 40 милиони евра.

Како што потенцира премиерот, во наредните шест месеци ќе се направат темелни реконструкции на шест болници ширум Македонија.

Имаме многу активности коишто се со вкупен износ од околу 40 милиони евра. Имено, ни претстои некаде крајот на октомври почеток на градба на Клиничката болница во Штип, темелни реконструкции на Свети Еразмо во Охрид, темелна реконструкција на битолската болница, на прилепската болница, на кичевската веќе започна и е во тек и се разбира на Клиничката болница за хируршки болести Свети Наум Охридски во Скопје. Така да овие шест установи во наредните месеци ќе бидат во темелни реконструкции, штипската ќе биде и комплетно нова болница и значително ќе ја подобрат инфраструктурата на болниците во Република Македонија, посочи премиерот кој денес присуствуваше на отпочнувањето градежни работи за изградба на спортска сала во Домот за деца без родители „11 Октомви“.

Тој изјави дека станува збор за инвестиција вредна околу 40 милиони евра, која ќе започне да се реализира во наредните месеци и ќе се заврши во текот на наредната една година.