Термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден

Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат. Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден.

Оваа информација денеска ја соопштија од кабинетот на министерот за внатрешки работи, Панче Тошковски.