Серија терористички напади во Џакарта, најмалку шест лица убиени

Најмалку шест луѓе се убиени во терористички напади со експлозиви и огнено оружје во центарот на индонезискиот главен град Џакарта.

Агенциите пренесуваат дека во нападите е убиен и еден холандски државјанин кој во земјата работел за ОН.

Локални медиуми јавија дека во Џакарта се регистрирани експлозии на шест бомби и пукотници од огнено оружје. Полицијата потврди дека најмалку еден бомбаш самоубиец активирал експлозив што го носел на себе. Во нападот учествуваат најмалку 14 екстремисти.

Серија терористички напади во Џакарта, најмалку шест лица убиени
Серија терористички напади во Џакарта, најмалку шест лица убиени

По последните терористички напади полицијата изјави дека зад нив најверојатно стојат екстремистите од Исламска Држава.

Претходно имаме добиено закани од ИД дека Индонезија ќе биде нападната, изјави портпаролот на полицијата Снтон Чарлијан, пренесува Раша Тудеј.

Сепак, шефот на разузнавачката служба на Индонезија Сутијосо за Ројтерс изјави дека иако нападите се терористички чин, сеуште нема никакви индикации дека ИД стои зад нив.

Во изминатите недели силите за безбедност се во готовност по закана од Исламска држава упатена до Индонезија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.