Тешки борби за сирискиот град Ајн ел Араб

Тешки борби продолжија денеска кај стратешки важниот курдски град во Сирија, Ајн ел Араб недалеку од границата со Турција, кој под опсада го држат џихадистите на Исламската држава, јави агенцијата АФП.

Екстремистоте се приближија на неколку километри источно и југоисточно од градот, и покрај воздушните удари на американските сили кои ги поддржуваат курдските борци.

Преку границата во Турција се слушнале минофрлачки гранати и се гледаат облаци од бел чад.