Тешко повредени четворица пешаци и велосипедист во Скопје

Еден велосипедист и четири пешаци се здобиле со тешки телесни повреди, а 26 лица се здобиле со лесни телесни повреди во вкупно 20 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 11 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 109 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 48 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници и 33 возила кои биле нерегистрирани.

За непрописно паркирање полицијата издала 191 мерка, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 90 возила.

Казнети се и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, 16 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, осум возачи кои не дале превенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи за неправнилно престројување, три возачи за неправилно престигнување, 28 за некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велoсипед со мотор, мопед и мотоцикл, 14 за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила, и 29 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.