ВИДЕО: „Тесла Моторс“ отиде чекор понатаму – презентираше камион на електричен погон

Американската компанија „Тесла Моторс“, го претстави својот нов производ – првиот електричен камион, вчеравечер во Лос Анџелес.

Презентацијата на новите камиони на електричен погон ја правел лично сопственикот на „Тесла Моторс“, Елон Маск.

Тој информирал дека производството на камионите ќе почне во 2019 година. Камионот на „Тесла“, со едно полнење на батериите, ќе може да помине околу 805 километри и тоа целосно натоварен. Според најавите на Маск, овие транспортни возила ќе имаат и авто пилот, но и полуавтономни способности.

На церемонијата биле презентирани два модела на новиот производ. Едниот стандарден модел, а вториот со аеродинамичен пакет.

Воедно на свеченоста, покрај камионот, Елон Муск го претставил и новиот модел на веќе познатата спортска верзија на електричен автомобил „Тесла Роадстер“. Муск во свој стил изјавил:

Поентата поради кое го правиме ова е да се удри силно по возилата на гориво и бензин. Возењето спортски автомобил на бензин ќе биде како чувство дека имате машина на парен погон во возилото.

Инаку, Елон Маск, уште минатата недела на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ објавил за електричните камиони на неговата компанија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.