Тодоров: СЈО не го обвини туку го осуди Владимир Талески

Кога се договораше Обвинителството, поентата беше да се направи автономно, независно тело. Дали СЈО е независно можете да видите, потенцира вицепремиерот во Владата на Република Македонија и министер за здравство Никола Тодоров во вечерашното гостување во Отвореното студио на ТВ Нова.

Како еклатантни примери за начинот на работење на Специјално јавно обвинителство Тодоров посочи два примери:

Против Владимир Талески СЈО води страшна хајка, неправедно. На ниво на безобразие на прес конференции на кои што тотално без почитување на никаква пресумпција на невиност, не го обвинија туку го осудија човекот дека направил нешто, а гледаме дека тој бил сериозно поголем домаќин и се грижел сериозно за касата и за сретствата на општината, во однос на градоначалниците на СДСМ. Ако тој плаќал 4, 2 денари по километар Заев плаќал неколку пати повисока цена, а градоначлникот на Куманово 650 пати повисока цена. И сега имаме од една страна хајка против градоначалник кој што работел домаќински и се  грижел за што е можно пониска цена на тендер на електронска аукција избрана компанија да овозможи превоз за учениците и тој плаќа цена за тоа и е во домашен притвор, а од друга страна ние имаме градоначалници  што плаќале енормно повисоки цени кои што слободно си се шетаат и напаѓаат за правда, правичност и за криминал. Втора работа, имавме ситуација во која што еден претседател или член на општинска организација на СДСМ од Гази Баба најави тема на пресконференција на СЈО пред пресконференцијата да се оддржи, рече тој.

Според него можно е овој член на општинската организација да бил информиран само ако ова обвинителство е партиско обвинителство и сите нивни чекори се усогласени со СДСМ.

Кога се договораше Обвинителството, поентата беше да се направи автономно, независно тело. Дали СЈО е независно можете да видите. Ние бараме да има независно тело во кое што ќе може да се докаже дека нема никакво кривично дело, криминал или нешто направено од било кој претставник на ВМРО-ДПМНЕ, посебно она што е направено со овие креирани материјали кои што ги злоупотребуваше опозицијата, рече Тодоров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.