Томаш Бердих и Енди Мареј во полуфиналето на Мастерсот во Мајами

Мастерс турнирот кој се игра во Мајами се ближи кон својот крај, а со тоа и самите мечеви стануваат повозбудливи и поатрактивни.

Томаш Бердих е првиот кој избори пласман во полуфиналето, откако во четвртфиналето го совлада Хуан Монако со 2:0 (6:3, 6:4), додека негов противник ќе биде најдобриот британски тенисер, Енди Мареј кој славеше против Австриецот Доминик Тием со 2:1 (3:6, 6:4, 6:1).

Вечерва ќе се одиграат и останатите четвртфинални дуели, по кои ќе се знае и втората полуфинална двојка на турнирот. Кеи Нишикори ќе игра против домашниот адут за титулата, Џон Иснер додека првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ ќе игра против Давид Ферер.