Топ четири, првата зацртана цел на Аргентина

Алехандро Сабела, селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, откри дека најголемата ѕвезда во неговиот тим, Лионел Меси ја има подршката од сите репрезентативни колеги и додаде дека “гаучосите” имаат обврска да забележат многу подобра резултат на престојниот Мундијал во Бразил од тој кој е забележан на Светското првенство во Јужна Африка.

“Меси е лидер и капитен на фудбалската репрезентација. Сите се позади Меси. Ја има подршката од сите репрезентативни колеги. Меси е како аргентинско знаме, Меси го носи тоа знаме. Јас не можам да дадам такво ветување дека ќе ја освоиме шампионската титула, јас очекувам пласман во полуфиналната рунда, пласман во топ четри. Сепак сакаме нешто повеќе, Аргентина има обврска да одигра многу подобро и да забележи многу подобар резултат од тој кој е забележан на претходниот Мундијал во Јужна Африка”, изјави Сабела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.