Топењето на глечери достигна историско ниво

Глобалното затоплување е една од причините за големото топење на глечерите
Глобалното затоплување е една од причините за големото топење на глечерите

Затоплувањето на климата е една од причините за топењето на глечерите кое што последниве години достигна историско ниво. Последните испитувања објавени во научната ревија „The Journal of Glaciology“, покажуваат дека продолжува топењето на глечери и во случај на пауза во глобалното затоплување.

Екипата која е задолжена да ги следи глечерите на светско ниво со седиште во Цирих, по собирањето на податоците на теренот, користењето на сателитски снимки и споредувајќи ги со постарите резултати, покажува дека глечерите се топат просечно од 50 сантиметри до еден метар годишно, што претставува два до три пати повеќе во споредба со проучените резултати забележани во 20-от век, објави МИА.

Топењето на глечерите достигна историско ниво
Топењето на глечерите достигна историско ниво

Студијата се однесува на стотина глечери во светот, но од сателитските снимки се гледа дека феноменто се однесува на речиси сите глечери, вели директорот на светската служба за следење на глечерите Мишел Земп.

Резултатот од ова испитување доведува до заклучокот дека ритмот на топењето на глечерите во последните дваесет години го промени нивното функционирање, односно тие ќе продолжат и понатаму да се топат, па и во случај ако климата стане постудена.

Обвивката од „вечниот мраз“ која е се помалку раширена и потенка, нема доволно подлога за да ја зачува ниската температура и со тоа глечерите се осудени да се топат со забрзан ритам.

Рекородот на топењето на глечери кој беше забележан во 1998 година, беше надминат во 2003м 2006 и 2013 година и најверојатно и во 2014

Обама: Топењето на климатските промени се најголема светска закана

Американскиот претседател Барак Обама синоќа  и официјално го претстави правилникот за намалување на емисиите на гас од американските електроцентрали, порачувајќи дека климатските промени претставуваат една од најголемите закани со кои светот се соочува.

Обама: Топењето на климатските промени се најголема светска закана
Обама: Топењето на климатските промени се најголема светска закана

Ништо не претставува таква закана за нашата иднина и идните генерации како климатските промени, рече Обама.

Тој укажа дека проблемот на климатските промени се разликува од другите како по обемот, така и по специфичноста, кои доколку  не се сфатат на време, не можат да се променат, пренесоа светските агенции.

Американскиот претседател, исто така, ги отфрли критиките дека неговиот план ќе ги зголеми сметките за струја на граѓаните на САД, ќе им наштети на сиромашните и луѓето ќе ги остави без работа.

За правилникот за намалување на емисиите од штетен гас, Обама во Белата куќа кажа дека е најважниот чекор што САД го презел во борбата против климатските промени.

Конечната верзија на овој правилник наметнува поголеми ограничувања за јаглен диоксидот отколку што се очекуваше, односно намалување за 32 отсто до 2030 година, во однос на 2005 година.

Обама минатата година предложи верзија за намалување од 30 отсто.

Обама го претстави амбициозниот и контроверзен план за драстично намалување на вкупната емисија на гасови во САД, како што прави и со легализирањето на борбата против глобалното затоплување.

Сепак, останува наследникот на Обама во Белата куќа да го спроведе овој план, што наидува на остро противење на републиканската опозиција во Капитол Хил, во текот на изборната кампања, пренесуваат американските медиуми.

Противниците планираа веднаш да поднесат тужба и да бараат од судовите привремена блокада на овој правилник. Многу држави се закануваат дека нема да го почитуваат.

Администрацијата на Обама проценува дека ограничувањето на емисиите на гасови до 2030 година САД ќе ги чинат 8,4 милијарди долара.

Вистинската цена нема да се знае се додека државите не одлучат како да ги достигнат своите цели, додека енергетичарите, повторно тврдат дека сето тоа е скапо и дека тешко ќе може да се постигне.

Агенцијата за заштита на животната средина ги обвинува противниците за сценарио за „судниот ден“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.