Трансфер „бомба“: Дибиров заминува од Вардар?

Хрватски „Јутарњи лист“ во своето денешно издание пренесува дека се очекува во следните неколку денови да се реализира трансфер кој ќе одекне како „бомба“ во светот на ракометот.

Миленикот на навивачите на Вардар, Тимур Дибиров се очекува да направи трансфер во редовите на хрватскиот шампион, Загреб.

Според медиумот, засега ништо не е официјално, но самиот играч потврдил дека целата ситуација е влезена во самата завршница и дека двете страни се блиску до договор.

Загреб повторно склопува респектабилен тим откако пред Дибиров го обезбеди потписот на уште еден поранешен вардарец, Вуко Борозан.

Вардар откако доби забрана од ЕХФ да игра во Лигата на шампионите ги загуби засилувањата, а полека ги губи и најдобрите играчи во тимот.