Третман за лице BB GLOW – Совршена кожа без употреба на шминка!

Како вашето лице да изгледа беспрекорно и сјајно без дневна шминка? Тоа е можно со ексклузивниот третман BB Glow, кој може да го направите во специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина, Скин Солушн.

Сонот на секоја жена е совршена и блескава кожа. Наместо да ги решаваат несовршеностите на кожата, повеќето жени ги маскираат со шминка. Како резултат на тоа, кожата станува премногу сува и безживотна.

BB glow е третман кој ја прави кожата сјајна и совршена. BB во името на овој третман, означува кратенка од „blemish balm“ што во превод значи балсам за неправилности на кожата (флеки).

BB Glow содржи моќни и активни состојки кои ја изедначуваат бојата создавајќи проѕирна камуфлажа и ја негуваат кожата истовремено. Комбинацијата со измазнувачки рефлектирачки и целосно природни пигменти ја прави секоја кожа сјајна, а ги ублажува и темните кругови околу очите. Билни состојки ја навлажнуваат и смируваат чувствителната кожа, го ублажуваат црвенилото, ја смируваат воспалената кожа и ги намалуваат порите. Уморната и бледа кожа добива природен сјај со третманот BB Glow.

Третманот е пријатен и целосно безболен. За самата процедура се користи Derma Pen со нано додатоци, кое не го нарушува интегритетот на кожата, туку ја стимулира кожата да произведува колаген, еластин и фибробласти без да ги оштети.

BB Glow е наменет за луѓе со:

– хиперпигментација на лицето (дамки)

– зголемени пори

– со мрсна кожа

– со сува кожа

– изразени кругови околу очите (кругови под очите и очните капаци)

– со црвенило на кожата

– атопичен дерматитис (освен во активната фаза)

– нерамномерен тен со пеги

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.