Трговски центар ќе се гради во Илинден, на продажба една парцела

Парцелата за изградба на големи трговски единици- трговски центар, голема специјализирана продавница и супермаркет се наоѓа на пристапна локација во централниот дел на општина Илинден.

Површината на градежната парцела изнесува 6.380 метри квадратни.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во електронско јавно надавање најдоцна до 17.09.2014 година до 16 часот.