Со туристички пасоши ќе се зголемува квалитетот во туризмот

Со туристички пасоши ќе се зголемува квалитетот во туризмот
Со туристички пасоши ќе се зголемува квалитетот во туризмот
Конкурентноста во туризмот ќе се подобрува со туристички пасош што ќе гарантира за квалитетот на квалификациите на туристичките работници, безбедноста и стандардите на услугите, пренесува МИА.

За туристичкиот пасош во тек е дебата во ЕУ, на предлог на Здружението на работодавачи на Словенија. Во подготовката на критериумите за стандардите учествува и македонската Бизнис конфедерација на работодавачи од каде очекуваат дека од следната година ќе почне  да се користи новиот документ.

–  Тоа ќе биде  на ниво на сопствена потреба доколку препознаат дека ќе им се зголеми  квалитетот, имиџот и начинот на кој ја вршат  услугата. Нема да биде обврзувачки, туку документ плус за квалитет, изјави  Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија, во чија организација денеска во Скопје се одржува работилница „Туризмот се  луѓето  – Да работиме заедно за подобар социјален дијалог во туризмот“.

Според Бошков, неопходен е фокус на квалитетот на луѓето што работат  во туристичкиот сектор и стандардите за подобрување на услугата.

– Туристичкиот пасош е гаранција за квалитетен и задоволен работник, добро обучен со сите квалитети кои ги има за да  може да ја задоволи потребата на клиентот, потрошувачот, на туристот. Не треба да имаме само добра инфраструктира и природни убавини туку тоа треба да се понуди на квалитетен начин, рече Бошков, оценувајќи дека има потенцијал за развој на туристичката дејност во Македонија која директно или индиректно вработува 45.000 лица.

Анже Хиршил, претставник на Здружението на работодавачи на Словенија, туризмот е многу важна гранка и во Македонија која се повеќе се развива. Кон стабилните околности во оваа гранка и бизнис околината ќе придонесе и социјалниот дијалог, истакна Хиршил.

Со цел подобрување на социјалниот дијалог на национално и европско ниво преку проектот „Туризмот се луѓето“ ќе се зајакнуваат капацитетите на социјалните партнери. Важна  фокусна точка ќе биде модернизацијата на пазарот на труд, вештините и квалификациите, квалитетот на работа, безбедност и сигурност на  пазарот на работното место и пристојна работа.

Проектот се спроведува од февруари годинава во Љубљана, а покрај од Македонија парнери се здруженија на работодавачи, како и синдикати од Хрватска, Црна Гора и Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.