Турско – Американско претпријатие ќе ги купува албанската нафта и гас

Turski potok

„Ескалера интернешнал“, подружница на „Ескалера рисорсис“ соопшти дека потпишала меморандум за разбирање за влез во заедничко претпријатие со АОР „Албаниан рафинерис”, со цел купување на изворите со нафта и со гас во Албанија.

 Заедничкото претпријатие ќе биде во рамноправна сопственост на двете страни и претставува субјект на одобрување од двете страни, стои во соопштението за јавноста на „Ескалера интернешнал“.

Компанијата ги наведува резултатите од спроведената студија од страна на „Густавсон асосиатес” во 2008 година, според која се верува дека северниот дел на Албанија располага со резерви на 2.700 милијарди кубни метри природен гас и 198 милиони барели нафта.

„Оваа алијанса со „Ескалера интернешнал“ е мошне значајна и за Албанија, бидејќи со нашите инвестиции ја поддржуваме заедницата“ изјави Нејат Боцнак, заменик-директор на „Албаниан оил рафинерис”.

Боцнак претходно беше член на менаџментот на турската компанија „Курум“, позната по инвестиции во металургијата, но од неодамна и по купувањето на неколку хидроцентрали.