Tужби за општина Центар за вкупно 400 милиони денари

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на општина Центар во кој меѓудругото ревизорите обелоденуваат дека општината е тужена странка во 26 судски спорови вредни околу 400 милиони денари.

Општината ја тужат 12 правни лица за долг од 248 милиони денари и и 14 физички лица за долг од 148 милиони денари.

Од друга страна, општина Центар се јавува како тужител во 19 процеси, од кои 11 против правни лица за долг од 46 милиони денари и 6 физики лица за долг од 297.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.