Убавица и во 60-тите години: Петте правила на Ким Бесинџер

Ким Бесинџер е добитничка на Оскар, а се најде на 12-тотот место на листата на Плејбој на најсексапилните жени на 20-иот век.

Таквото признание е сосема оправдано затоа што познатата актерка во 62-та година од животот изгледа прекрасно.

Кој не знае колку години има, би рекол дека зад порцеланскиот тен и шармантните црти на лицето се крие жена во 40-тите години.

Таа ја откри тајната за нејзиниот младешки изглед, а во прашање се пет правила до кои што таа се придржува:

  1. Никогаш не ја изложувајте кожата на сонце;
  2. Не јадете месо. Никаково. Никогаш.
  3. Наутро немојте да се миете затоа што кожата ноќе произведува колаген.
  4. Барем еднаш месечно правете пилинг со морска сол.
  5. Шминкајте се, но умерено – така што другите нема да ја забележат шминката на вашето лице. Помалку – често пати е повеќе.