Укинување на формулацијата „20 отсто“ во Уставот може да е услов за наша поддршка на уставните измени, вели Касами

Укинувањето на формулацијата „20 отсто“ од Уставот, која се однесува на Албанците, од барање, може да стане услов – изјави во Клик Плус, претседателот на Движење Беса, Билал Касами. Тој вели дека ако како опозиција ги поддржат уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, треба да има и поддршка за укинување на формулацијата „20 отсто“, пренесува TV21.mk.
-Оценуваме дека нашите аргументи за укинувањето се исто толку силни како и аргументите за внесувањето на бугарската заедница. Така што, ако има такво разбирање од нас како опозиција, да ги поддржиме уставните измени со внесувањето на бугарската заедница во Уставот, очекуваме од друга страна иста таква поддршка и од албанските партии и од македонските партии што евентуално ќе се дефинира 20 отсто, што е понижувачки за Албанците, треба да се избрише од Уставот и да се замени со -албански јазик, рече Касами.
За отстранување на 20 отсто и за воспоставување на албанскиот јазик како службен, неодамна беше ангажирана и Oгнената група. Инаку, и Торбешите испратија и официјално барање до Владата за и тие да бидат составен дел од преамбулата.
За ова во последно време зборуваа сите албански политички партии и сите се изјаснија дека се за укинување на 20% иако од ДУИ, велат дека предност има внесувањето на Бугарите во Устав бидејќи ако има многу други барања, македонската опозиција ќе добие алиби за да не даде поддршка.
„Секако дека ќе дојде моментот кога ќе се избришат тие 20% бидејќи сега веќе имаме доволно зрело време за точна формулација на Албанскиот јазик. Дали сега е вистинското време, тоа ќе треба да го оценат лидерите на политичките партии или ќе им создадеме алиби плус на опозицијата за да не ги поддржува уставните измени. Ние ги немаме бројките за уставните измени без поддршка од пратениците од опозицијата.“, вели Османи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.