УНЕТ: Не услужуваме селективно, имавме проблем на глобално ниво

унет

Во текот на раните утрински часови на 19.11.2016 со почеток од 02:30 кон серверите на македонскиот хостинг провајдер УНЕТ Клауд регистрирано е зголемување на сообраќајот кој доагал од повеќе сервери и локации надвор од државата, со што била отежната работата на главните телекомуникациски линкови, а со тоа била намалена функционалноста на сервисите на системот.

Бидејќи тој неконтролиран сообраќај, кој многукратно ги надминувал заштитните капацитети на линкот, константно се зголемувал, кај нашиот интернет провајдер до 05:00 почнале да се појавуваат проблеми на глобално ниво, по што биле активирани заштитните механизми на интернет провајдерот и интернет сообраќајот на ниво на Border Gateway Protocol (BGP) со што превентивно линкот кон Унет бил целосно прекинат.

Проблемот е веднаш пријавен кај провајдерот согласно нашиот SLA договор за 99% активност на годишно ниво. Од провајдерот е направена анализа и увидено е дека се работи за генерирање на огромен сообраќај кон Унет од страна на повеќе локации низ светот. Веднаш се активирани заштитните механизми, по што службите на провајдерот во Словенија и Австрија, извршени се блокади на генериторите на неконтролираниот сообраќај. После релативно кратко време, интернет сообраќајот кон Унет на ниво на BGP е вклучен и корисниците почнаа да добиваат пристап со повремени прекини до своите сервиси околу 11:00. Во 12:30 интернет сообраќајот е целосно стабилизиран со што сите сервиси почнаа да функционираат нормално.

За причините кои го предизвикаа овој проблем се известени сите релевантни субјекти како и сите наши корисници.

Во тек се технолошки и системски активности со кои се надеваме во иднина ќе се превенираат ваквите идни евентуални ситуации.

Уште еднаш им се извинуваме на сите наши корисници за настанатите проблеми и краткиот прекин на нашите сервиси, до кој е дојдено не по наша вина.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.